ВИДЕО: Силен земјотрес го погоди Мексико, најмалку еден загинат

Од:

Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди  јужниот и централниот дел на Мексико, при што загина едно лице, јавуваат агенциите.

Како што соопшти Американскиот геолошки завод, епицентарот на земјотресот бил по должина на пацифичкиот брег на државата Оахака.

Претседателот на Мексико, Андрес Лопез Обрадор се огласи преку видео на социјалните мрежи, велејќи дека сè уште не е познато колкава е штетата.

„Ќе продолжиме да ги повикуваме луѓето да бидат внимателни поради опасноста од дополнителни земјотреси. Да се чуваме себеси без паника и очајување“, рече Обрадор во своето обраќање.

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Земјотрес кај Чачак

Силен земјотрес го погоди Мексико