Силен земјотрес крај бреговите на Папуа Нова Гвинеја

Од:

Силен земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска е регистиран во близина на бреговите на Папуа Нова Гвинеја, соопшти Американскиот геофизички институт.

Засега нема информации за евентални жртви и предизвикани материјални штети, а не е прогласена ниту опасност од можна појава на цунами. 

Земјотресот се случил на длабочина од 35 километри под морското дно.

Во јули 1998 година Папуа Нова Гвинеја ја погодија два земјотреси со интензитет од 7,0 степени според Рихтер, при што загинаа околу 2.100 лица.

Папуа Нова Гвинеја се наоѓа во т.н. Пацифички огнен прстен, кој се карактеризира со нагласена сеизмичка и вулканска активност.

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Земјотрес кај Чачак

Силен земјотрес го погоди Мексико