Силен пад на криминалот во март поради мерките на ограничувања

Од:

Злосторствата и прекршоците регистрирани од полицијата и жандармеријата во Франција, забележаа силен пад во март во однос на февруари, како резултат на ефектите од мерките за ограничување.

Овие бројки ги соопшти статистичката служба на Министерството за внатрешни работи на Франција. Во контекст кога населението е повикано да остани дома од 17 март, намалувањето е во просек околу 45 отсто за повеќето индикатори. Од министерството се забележува дека толкувањето на овие намалувања е „многу комплексно од неколку причини“.

-Најпрво, мерките силно влијаеа на условите за поднесување поплаки од жртвите и од силите на редот. Тогаш, одредени форми на деликвенција не можат да се направат во контекст на ограничени мерки на движење, додека другите се зголемија. Вистинските последици од овие мерки, ќе станат видливи само во наредниот месец (и).

Намерните физички напади врз лица над 15 години (вклучително и семејно насилство) се намали за 33 отсто. Но, учеството на семејното насилство забележа „нагло зголемување во март“, по падот во февруари

На 26 март, министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер истакна дека семејното насилство се зголемило за 32 отсто во руралните зони под надлежност на жандармеријата и за 36 отсто во урбаните зони каде е одговорна префектурата на париската полиција, ова по воведувањето на задолжителните мерки.

Најзначајното намалување (-51 отсто) се однесува на грабежи без насилство врз луѓе, проследено со грабежи без оружје (-45 отсто), кражби во домовите (-44 отсто) и грабежи со оружје (-43 отсто) . Кражбите на возилата се намалени за 37 отсто, а убиствата се стабилни со 70 дела, како и во февруари.

Би можело да ве интересира

Убиено девојче, пукање во трговски, криминал, корупција – што ги полнеше полициските билтени во 2023

Анита Петровска Рајковиќ

Фатени 5000 криминалци, запленета дрога од 400 милиони евра – дилерите на мета на МВР

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Во Шведска 30.000 луѓе се вклучени во криминал

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска