Сијарто: Унгарците нема да ја плаќаат цената на војната во Украина

Од:

Унгарската влада инсистира на тоа дека Унгарците нема да ја плачаат цената на војната во Украина, изјави синоќа министерот за надворешни работи Петер Сијарто.

dobivaj vesti na viber

Сијарто за локален медиум изјави дека Унгарците на никаков начин не се виновни за избувнувањето на војната во Украина, па доколку Европската комисија има намера да воведе ембарго на руската нафта, мора да гарантира дека тоа нема да влијае на Унгарците или на унгарската енергетска безбедност.

Доколку во моментов се усвои ембаргото за нафта, што е дел од шестиот пакет санкции на Европската комисија, Унгарија нема да може да ја добие суровата нафта што и е потребна за да ја одржи економијата, рече министерот за надворешни работи.

Владата ќе го прифати предлогот само доколку „ЕК понуди решение за проблемот што го создаде“, рече тој.

Првиот проблем е што унгарските рафинерии за нафта ќе треба да бидат технички модифицирани, што ќе чини 500-550 милиони евра. Ако Унгарија мора да увезува сурова нафта од други извори освен од Русија, цените на горивата ќе пораснат за 55 до 60 проценти.

Сијарто додаде дека членките на ЕУ се согласиле во Париз пред неколку месеци дека секој чекор за намалување на зависноста од руската енергија ќе мора да ја земе предвид специфичната ситуација на секоја земја.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски од членките на НАТО побара поголема финансиска и помош во оружје

Ана Ололовска

САД и нивните сојузници замрзнаа 330 милијарди долари од почетокот на руската инвазија врз Украина

Ана Ололовска

Санчез до Путин: Нема да победиш во војната против Украина

Ана Ололовска

Шолц: НАТО ќе испраќа оружје во Украина сè додека тоа е потребно

Ана Ололовска

Властите во окупираната област Херсон подготвуваат референдум

Ана Ололовска

Џонсон: Путин да беше жена, немаше да ја нападне Украина

Ана Ололовска