Си-Ен-Ен: Само Северна Кореја нема регистрирано лица заразени со коронавирусот

Од:

Откако се појави коронавирусот во кинескиот град Вухан, речиси секоја држава и територија во Источна Азија потврди случаи на заразени, освен Северна Кореја.

– Една од најсиромашните земји во светот, според официјални податоци, успеа да го избегне вирусот, и покрај фактот дека граничи со Кина, во која од коронавирусот починаа над 600 луѓе, а заразени се над 31.000 лица, објави Си-Ен-Ен.

Американската телевизија исто така наведе дека секоја држава и територија во радиус од речиси 2.500 километри од Северна Кореја, освен Монголија, потврди дека има заразени луѓе со коронавирусот.

Си-Ен-Ен истакнува дека е нејасно како Пјонгјонг успеа да го избегне вирусот, додавајќи оти Северна Кореја или имала среќа или не е искрена.

Професорот на Корејскиот универзитет Нам Сунг Вук изјави дека многу веројатно е дека некој е заразен од 25 милиони луѓе, колку што живеат во Северна Кореја.

– Знаеме дека има заразени во кинеските региони кои граничат со Северна Кореја. Околу 90 отсто од трговијата на Северна Кореја се одвива со Кина и ние знаеме дека голем број луѓе, камиони и возови ја преминаа границата помеѓу двете држави пред Северна Кореја да презема мерки за да го спречи ширењето на вирусот, истакна Нам.

Северна Кореја ги затвори границите за странските туристи, од кои поголемиот број се Кинези, отвори центри против ширење на епидемијата ширум земјата, додека тие што во државата влегле по 13 јануари се под медицинска контрола.

Севернокорејската државна новинска агенција КЦНА објави дека медицинските работници поставија системи за дијагностика ширум земјата и оти се во состојба за кратко време да го откријат присуството на вирусот.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски