Си Џинпинг во посета на Саудиска Арабија

Од:

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска пристигна во Саудиска Арабија за да разговара со лидерот на земјата, Мохамед бин Салман, како и со лидерите на други земји од Персискиот залив и арапските земји, за зајакнување на единството и соработката со нив.

Се очекува Кина да потпише договори во вредност од 30 милијарди долари со Ријад, како и голем број договори со други земји од Заливот.

Тоа ќе ги продлабочи врските меѓу Кина, која е најголемиот светски потрошувач на енергија и главен трговски партнер на производителите на нафта и гас во Заливот, со Саудиска Арабија, која е најголемиот снабдувач на нафта во Кина.

Саудискиот министер за енергија принцот Абдулазиз бин Салман рече дека земјата ќе остане сигурен енергетски партнер на Кина.

– Нашата соработка помогна да се одржи стабилноста на глобалниот пазар на нафта, а Саудиска Арабија ќе остане сигурен партнер на Кина во оваа област, рече тој, додавајќи дека двете земји ќе настојуваат да ја зајакнат соработката во синџирите за снабдување со енергија, вклучително и со формирање на регионален центар за кинески фабрики во Саудиска Арабија.

Состанокот и директните разговори на Си со Саудиска Арабија претставуваат „епохален пресврт во историјата на кинеско-арапските односи“, рече портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг, додавајќи дека Пекинг по ова ќе даде „силна изјава за зајакнување на единството и соработката“.

Властите во Ријад се фрустрирани од постепеното исклучување на Вашингтон од Блискиот исток и ја гледаат Кина како можност за економска добивка без тензии. Белата куќа денеска соопшти дека посетата на Си е прв обид на Кина да изврши влијание, но оти тоа нема да ја промени американската политика кон Блискиот Исток.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина