Си апелира до младината да ја „сакаат“ Комунистичката партија

Од:

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска во говор по повод 100-годишнината од студентските протести во Кина, ја повика кинеската младина да биде лојална кон Комунистичката партија, во обид да ги разгори патриотските чувства.

– Срамота е ако некоја личност не е патриот, па дури и ја мами или предаде татковината. Нема место за такво лице да стои на кое било место, нагласи Си. – Во современа Кина суштината на патриотизмот е да ја комбинираме љубовта кон земјата со љубов кон партијата и социјализмот, рече тој.

Според него, кинеската младина во новата ера ќе ги слуша зборовите на партијата и ќе ги следи чекорите на партијата.

Си одржа говор во Големата народна сала при одбележување на протестите на Движењето Четврти мај против колонијализмот и империјализмот, што ја потресоа Кина во 1919 година.

Би можело да ве интересира

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ