Швеѓаните меѓу најекстремните во светот

Од:

Швеѓаните се вбројуваат меѓу народите кои „имаат најекстремни ставови и вреднувања“ во светот, што го потврдува и најновото испитување на „Ворлд Велјус Сирви“, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Едновремено, ОН упатуваат сериозна критика против Шведска во контекстот на претстојното испитувањето на заложбите што ги прави оваа скандинавска земја за заштита на човековите права.

Зголемување на бројот на кривични дела во Шведска врз основа на етничка омраза и дискриминација, како и порастот на насилството против жените најмногу ги вознемируваат ОН.

Советот за човекови права на ОН е критичен, меѓу другото, поради зголемувањето на бројот на кривични дела врз основ на манифестирање етничка, културна и религиозна омраза, додека во исто време се намалува бројката на истраги и покренати обвиненија за истиот вид кривични дела, пишува „Свенска дагбладет“ на својот интернет сајт.

ОН во својата критика укажуваат дека се присутни тенденции на вознемирувачка етничка и социоекономска сегрегација во голем број урбани подрачја во Шведска, кои пред се ги погодуваат африканските емигранти и муслиманите.

Се посочува исто така дека и прекумерната употреба на сила од страна на полицијата е загрижувачка појава, при што посебно вознемирува држењето на малолетни лица во притвор во подолг период. Такво нешто, според Советот за човекови права на ОН, би требало да се случува само во посебни и склучителни околности.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност