Шведските социјалдемократи ја номинираат министерката за финансии за наследник на премиерот

Од:

Социјалдемократите во Шведска ја посочија министерката за финансии Магдалена Андерсон како нивна потенцијална нова лидерка на партијата, што значи дека таа ќе го наследи и премиерот Стефан Лефвен, кој треба да поднесе оставка во ноември.

Изборната комисија на партијата денеска ја предложи Андерсон за функцијата, јави ДПА.

– Магдалена Андерсон знае како е, кажува како што е и го прави она што се бара, рече шефицата на комисијата Елви Содерстром.

Андерсон потенцираше дека се чувствува „многу почестена“.

Социјалдемократите ќе изберат нов лидер на партискиот конгрес во Гетеборг на почетокот на ноември – на кој Лефвен, исто така, ќе поднесе оставка од претседателството на социјалдемократите и ќе ја предаде функцијата шеф на владата.

Тој го објави овој потег во август после неколкумесечни превирања во неговата малцинска влада.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност