Шведски суд му одреди притвор на Британец по сударот на бродови во Балтичко Море

Од:

Шведски суд денеска пресуди британскиот член на екипажот на бродот „Скот Кариер“ да остане во притвор, по судирот на двата брода во Балтичкото Море, во кој загина еден морнар од дански риморкер, а уште еден се води за исчезнат, јави агенцијата „TT“.

Приведениот морнар е осомничен дека ја предизвикал смрт со своето крајно невнимание, пијанство и невнимание во поморскиот сообраќај.

Данскиот брод „Карин Хој“, долг 55 метри, и британскиот „Скот Кариер“, долг 90 метри, во понеделникот вечерта пловеле во иста насока кога се судриле во шведските територијални води. Бродот „Карин Хој“ се превртел по судирот.

Шведскиот обвинител вчера изјави дека еден од членовите на екипажот, хрватски државјанин, ќе биде ослободен од притвор.

Шведската крајбрежна стража денеска соопшти дека утре планира да го исправи данскиот брод и потоа да го довлече до Данска.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност