Шведската Влада пред оставка поради буџет

Од:

По вчерашната најава на блокот десноцентристички партии во шведскиот Парламент, поддржани од екстремно десничарската парламентарна партија Шведски демократи, дека нема да гласаат за предложениот буџет, новата шведска малцинска црвено-зелена коалициска Влада, предводена од социјалдемократите, се соочува со реален ризик да поднесе оставка по само два месеца откако започна нејзиниот мандат, јави допинсикот на МИА од Гетеборг.

Моментно се води жолчна буџетска дебата во Парламентот, а гласањето ќе се одржи во 16 часот, по што се очекува и прес-конференција на шведскиот премиер Стефан Ловен.

Премиерот Ловен се надеваше дека ќе успее да ги надмине некои од големите политички разлики со опозицијата во однос на делови од буџетот, така што би ја проширил парламентарната соработка вон границите на партиско-политичките блокови, но во таквата намера не наиде на подадена рака од страна на опозицијата и на Шведските демократи.

Што се однесува до Шведските демократи, тие најголемите забелешки што ги упатуваат кон актуелната владина коалиција ги врзуваат за доселеничката политика и прифаќањето на нови им игранти и бегалци и бараат драстично буџетско кастрење во тој дел.

Неусвојувањето на буџетот во Парламентот ја заострува политичката криза во земјата и се заканува со распишување на вонредни парламентарни избори, а според оценката на повеќемина аналитичари, премиерот Ловен има исклучително стеснет маневарски простор, така што за очекување е нови избори да се одржат веќе во февруари.

Шведските демократи денеска се заканија дека се подготвени да урант каква било друга влада во Паралментот, доколку не бидат уважени нивните барања во однос на имигрантската политика. 

Би можело да ве интересира

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло