Шведската Влада наскоро ќе ја признае Палестина

Од:

Шведската Влада наскоро ќе ја признае Палестина како држава. Но, како што моментно изгледа останатите нордиски земји нема да го следат шведскиот пример, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

И покрај тоа што Владата на шведскиот премиер Ловен нагласи дека би сакала и други земји да размислат околу ова прашање, Норвешка, Данска и Финска не планираат признавање на Палестина.

Норвешката премиерка Ерна Солберг вели дека први би сакала да види сигнали дека нешто е на пат да се случи во израелско-палестинските преговори. Финскиот премиер Александер Стуб и неговата данска колешка Хеле Торнинг-Шмит го изразуваат своето уверување во однос на потребата од дводржавно решение, но засега не би сакале да одат понатаму со конкретен чекор на признавање на Палестина.

Дел од скандинавските анлитичари во врска со тоа оценуваат дека аргументот на шведскиот премиер Стефан Ловен, дека “времето за постигнување одржливо решение истекува“, очигледно не е доволно силен за да добие поддршка од страна на неговите нордиски колеги.

По вчерашната информација што шведската црвено-зелена Влада, предводена од социјалдемократите, ја презентираше во Советот за надворешнополитички прашања при Парламентот-Риксдаг, блокот опозициони десничарско-центристички партии изразија критички гледишта.

Станува збор за избрзана одлука, неизбалансирана и освен тоа невешто обмислена, вели лидерот на шведската Народна либерална партија Јан Бјорклунд.

Парламнетарната екстремно-десничарска партија Шведски демократи е исто така против одлуката за признавање на Палестина, додека Левата партија ја поздрави иницијативата на Владата како добро промислена и позитивна.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност