Шведската Влада ги поддржува полициските контроли на имигранти

Од:

 Зачестените полициски конторли во Шведска на лица со „имигрантски изглед“, а во потрага по лица без дозвола за престој во земјата, деновиве добија голем публицитет во медиумите, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Повеќемина лица изјавија дека контролите се вршат само врз основ на изгледот на лицето кое се контролира. Полицијата тврди дека идентификациските контроли се прават откако ќе се заблежи дека некое лице се однесува на сомнителен начин. Таквиот метод добива поддршка од страна на шведската Влада.

– Сметам дека е добро на овие прашања да им се посвети соодветно внимание, но немам никакви планови во овој миг да направам некакви промени во врска со тоа, вели шведската министерка за правда Беатрис Аск.

Во медиумите деновиве беа објавени податоци дека преку 90 отсто од лицата кои минале низ идентификациските контроли, кои полицијата ги направила во февруари годинава во регионот на Стокхолм, имале право легално да престојуваат во Шведска.

Експертите се критични со оглед на тоа дека толку многу недолжни лица се погодени од ваквите мерки на надлежните органи.

– Мора да се има заснована причина за да се верува дека некој нема дозвола за престој во земјата. Шведска не сака луѓето да бидат контролирани затоа што имаат имигрантски изглед, рече Симон Андерсон, доктор по управно право и експерт во оваа област.

Полициски извори велат дека не може да се гарантира дека никој нема да биде контролиран само врз основа на физичкиот изглед и јазикот кој го зборува, но дека сепак е неопходно да се анализира работењето на полицијата и да се утврдат евентуалните грешки во примената на методите.

Според весникот „Метро“, во Стокхолм во јануари биле извршени 716 контроли на идентификациони документи, при што во 670 случаи сомневањата се покажале како погрешни.

Би можело да ве интересира

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло