Шведската Влада денеска ќе ја признае Палестина

Од:

Шведската Влада денеска ќе донесе одлука да ја признае државата Палестина, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Одлуката ќе биде донесена на денешната владина седница, а тоа го најави и министерката за надворешни работи Маргот Валстром во својот дебатен напис што денеска го објави „Дагенс нихетер“.

Шведската владина црвено-зелена коалиција, предводена од социјалдемократите, смета дека меѓународните правни критериуми за признавање на самостојноста се исполнети, и покрај тоа што Палестина нема контрола врз територија со утврдени граници.

Веќе во владиното експозе по изборната победа во септември премиерот Стефан Ловен го најави признавањето на Палестина, а што наиде на критики од страна на ЕУ-советот при шведскиот Парламент-Риксдаг, како и од страна на парламентарниот блок десничарско-центристички опозициони партии.

Критики беа изречени и од страна на САД. Вашингтон реагираше студено на најавите од Стокхолм за признавање на палестинска држава, со оценка дека е прерано за таков чекор.

Се очекуваше дека ќе добиеме критика за тоа, но САД не ја определуваат нашата политика, изјави неодамна Маргот Валстром во контекстот а таквите критики упатени кон шведската Влада.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“