Шведската принцеза Меделин се венча со њујоршки банкар

Од:

Шведската принцеза Меделин се венча денеска за њујоршкиот банкар Кристофер О’Нил.

Облечена во преубава бела венчаница на италијанскиот дизајнер Валентино Гаравани таа му се заколна на верност на својот избраник пред околу 470 гости – претставници на кралските семејства и на њујоршката елита.

Младоженецот едвај ги задржа солзите додека Меделин чекореше по патеката до олтарот, заедно со својот татко кралот Карл Шестнасетти Густав на звуците на традиционалниот шведски свадбен марш, изведуван од детски хор.

Младоженецот и невестата беа видливо расположени, откако церемонијата продолжи со песни на шведски и англиски, исполнети од пејачката на Роксет, Мари Фредриксон и ѕвездата на бродвејскиот спектакл на „Фантомот од операта“, Питер Џобак.

Со широка насмевка Меделин ги прочита брачните завети на шведски, а О’нил на англиски јазил.
Триесет годишната Меделин е најмалата од трите деца на кралот Карл Шестнаесетти Густав и кралицата Силвија и четврта на листата за наследство на престолот.

Нејзиниот сопруг Кристофер О’Нил е осум години постар од неа и е копоственик на инвестицискиот фонд „Носер капитал“.

Тие се запознале во Њујорк, каде принцезата работи во Светскиот детски фонд, добротворна организација, основана од нејзината мајка.

Свадбената веселба се одржува вечерва во дворецот Дротнингхолм, во кој Меделин е родена.

Би можело да ве интересира

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло