Шведската полиција регистрира „скитници“ по етничка основа

Од:

Податоци за преку 4.000 Роми се собрани во еден регистар во компјутерскиот систем на полицијата во јужната шведска покраина Сконе. Заедничка ознака на регистарот е „скитници“, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Многумина од лицата кои се заведени во регистарот се неосудувани, а повеќе од 1.000 од нив се деца. Полицијата денеска потврди дека таков регистар постои, но истовремено наведува оти за него не била добиена дозвола од страна на раководството на полицијата во Сконе.

Станува збор за регистар кој се состои од разгрането дрво со приказ на роднински лози, каде што податоци за матични броеви и адреси се комбинирани со стрелки што ги посочуваат роднинските врски меѓу регистрираните лица.

Полициски извори веруваат дека зад регистарот стојат одделни полицајци, пишува шведскиот весник „Дагенс нихетер“.

– Немам зборови. Историјата почнува да се повторува, вели Росита Гронфорс, претседателка на шведскиот Сојуз на меѓународни ромски и патувачки женски организации.

Гронфорс е и членка на рефернтната група приклучена кон шведскиот министер за интеграција Ерик Уленхаг.

Според неа, довербата сега е разнишана.

– Не верувам дека некој од нас ќе сака понатаму да учествува. Ромите ќе се повлечат, сега кога знаеме дека сите се регистрирани, вели Росита Гронфорс.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност