Шведската црква првпат во историјата има жена за архиепископ

Од:

Шведската лутеранска црква првпат во својата историја избра жена, која ќе ја раководи.

Епископот на Лунд, Антие Јакелен беше избрана за архиепископ со 55,9 проценти од гласовите на 325 свештеници со право на глас.

Педесет и осумгодишната Јакелен е свештеник од 1980 година, а епископ од 2007 година. Таа е омажена за свештеник и има две деца.

Првите зборови на Јакелен по изборот беа дека е „возбудена, среќна и благодарна“. Во Шведска црквата е одвоена од државата од 2000 година. Во неа има жени-свештеници од 1960 година. Околу две третини од Швеѓаните се нејзини верници.

 

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност