Шведска воведува задолжително служење на воен рок

Од:

Шведска објави дека од 2018 година повторно воведува задолжително служење на воен рок, осум години по неговото укинување.

Скандинавската земја, која не претрпела никаков вооружен судир на нејзината територија веќе два века, воената служба ја укина во 2010 година, оценувајќи дека тоа не е добар начин за создавање модерна војска, пренесува Танјуг.

– Се надевам дека ќе го најдеме вистинскиот начин на постојан, функционален и посилен начин на регрутирање, истакна министерот за одбрана Петер Хултквист.

Новата политика ќе се однесува за момчињата кои се родени по 1999 година.

Се очекува дека по 2018 година, годишно ќе бидат повикувани по околу 4.000 момчиња.

Министерот за одбрана нагласи дека бројот на доброволци не е доволен за да се одржи задоволителниот квалитет на воената подготовка.

Оваа одлука треба да ја усвои и шведскиот Парламент, а се очекува дека левичарската Влада ќе добие поддршка од опозицијата на десниот центар.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност