Шведска воведува привремено жителство од три години, место постојаното

Од:

Шведската Влада и опозиција денеска се договорија за измени во миграциската политика, на специјална прес конференција соопштија претставници на парламентарните партии во земјата, цитирани од ТАСС.

Службата за миграција добива право на бегалците да им издава привремено жителство во рок од три години, место постојаното. Исклучок ќе бидат мигрантите на тинејџерска возраст, кои во Шведска дошле без родители, и семејствата со деца.

Договорот во 21 точка е поддржан од сите партии со исклучок на Левата партија и Шведските демократи (ШД). ШД се залагаат за целосен прекин на миграцијата во Шведска.

Министерот за внатрешни работи Јулва Јохансон изјави дека целта на спогодбата е да се „воведе ред во земјата“ и да се намалат трошоците за прифат на бегалци.

Би можело да ве интересира

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло