Шведска се подготвува за воведување забрана на разговори на мобилни при возење

Од:

 Шведскиот Парламент, Риксдагот, предложи на возачите да им се забрани да зборуваат на мобилен телефон без користење на т.н. „хендсфри“, како и да се забрани пишување на СМС пораки во текот на возењето.

Како што јави дописник на МИА од Гетеборг, Парламентот го усвои предлогот со кој се повикува шведската Влада да подготви законски предлог во врска со ова прашање.

Откако пред неколку години и Албанија воведе забрана за користење мобилни телефони при возење, Шведска остана последна земја во Европа без забрана во оваа област.

Но, шведската Влада смета дека не би било ефикасно да се воведе ваква забрана и сака наместо тоа да се разгледа едно општо заострување на законот кога станува збор за невнимателност и несоодветно однесување  во сообраќајот.

Предлогот на опозицијата околу воведувње забрана доби мнозинска поддршка во Парламентот, откако партиите во владината коалиција решија да не инсистираат на сопствениот предлог.

Би можело да ве интересира

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло