Шведска не го усвои буџетот, вонредни избори во март

Од:

Премиерот на Шведска Стефан Лоевен најави денеска, два месеца по стапувањето на должност, дека ќе распише вонредни избори во март следната година, откако анти-имигрантската партија „Шведски демократи“ го блокираше усвојувањето на предлог-законот за буџет во шведскиот парламент.

Лоевен, кој е на чело на малцинската влада на левиот центар, најави дека изборите ќе ги закаже за 22 март.

Шведските демократи се противат на усвојувањето на законот за буџет се додека земјата не ја заостри својата великодушна политика на давање азил.

Предлог буџетот не е прифатен откако 182 пратеници беа против, а само 153 гласаа „за“ во парламентот кој има 349 места.

Шведските аналитичари оваа ситуација ја сметаат за историска и единствена во современата историја на земјата, потсетувајќи дека последен пат во Шведска вонредни избори се одржани во 1958 година.

Би можело да ве интересира

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло