Шведска ќе започне дијалог со Романија поради Ромите питачи

Од:

Бројните мигранти питачи, главно Роми од Романија и Бугарија, станаа вообичаена слика на улиците во шведските градови. Питачењето, кое до пред некоја година воопшто не постоеше како феномен во шведското општетство, добива такви димензии поради кои шведската Влада донесе одлука да назначи национален координатор и да започне дијалог до Романија.

– Романија има голема одговорност во однос на ова прашање, вели шведската министерка за социјални прашања Оса Регнер.

Шведските општини и регионални собранија (СКЛ) повторно бараат соработка со Владата, надлежните институции и доброволни хуманитарни организации во барањето решение за порастот на питачи од други земји-членки на ЕУ, кои сега се присутни пред речиси секоја продавница, трговски центар или друг јавен објект во голем број градови во Шведска.

Министерката Регнер деновиве во интерву за Шведската телевизија најави директни мерки од страна на Владата, меѓу другото и преку назначување специјален координатор чија работа во основа ќе биде насочена кон дијалог околу најважните аспекти поврази со питачењето како сериозен социјален проблем.

Постои потреба од размена на искуства и натамошна дискусија околу обемот на ресурсите што општините би требало да ги издвојат за оваа група (питачите) во однос на другите потреби, вели Оса Регнер.

Шведската телевизија деновиве прикажа неколку свои репортажи од Букурешт во кои се прикажува мизеријата и сиромаштијата меѓу романските Роми, како и крајно нехуманите услови во кои живеат, вклучувајќи ги и живеалиштата на бездомниците во канализационата мрежа под улиците на романската престолнина.

Би можело да ве интересира

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло