Шведска ќе ја тужи Германија за бегалската криза

Од:

 Шведски претставници се закануваат дека ќе поведат процес против Германија за прекршување на меѓународната конвенција според која земјите можат да ги вратат бегалците во земјите каде што првично се регистрирани.

Официјален Стокхолм тврди дека Германија одбива да соработува на ова поле, не сака да ги прими назад бегалците кои што веќе ги ресгистрирала и затоа постои можност канцеларката Меркел да биде тужена пред Европскиот суд на правдата.

Шведскиот министер за имиграција Морган Јохансон вели дека „неприфаќањето на барателите на азил кои што се регистрирани во Германија е прекршување на европските правила и доколку Германија одлучи да продолжи да ја применува оваа политика ние ќе почнеме процес пред Европскиот суд на правдата“.

Јохансон вели дека Шведска официјално контактирале со германската влада а покрај оваа држава неколку други земји членки на ЕУ се погодени од однесувањето на Германија.

Според „Даблинските правила“ со кои се регулираат процедурите за беглаците во ЕУ барањето за азил треба да биде процесирано во земјата каде што бегалците прв пат се регистрирани.

Во моментов во Шведска има околу 700 баратели на азил кои што наместо во Германија ќе чекаат решавање на нивниот статус во скандинавската држава а бројот на вакви случаи се очекува да расте, тврдат шведските власти.

Би можело да ве интересира

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло