Шведска ги враќа учебниците: „Намалена брзината на читање на децата поради лаптопите“

Од:

Шведска долго време се гордее со своите дигитализирани училници, но се покажа дека тоа има свои недостатоци. Така, конзервативната влада сега сака повеќе книги во училиштата. За ова во 2023 година издвои 60 милиони евра, пишува Дојче веле.

Во многу шведски училници полека почнува да се случува пресврт – враќање на старите патеки. Всушност, дури и учениците од основните училишта со години учат речиси исклучиво дигитално. Пред само пет години, училишните власти во националните упатства препорачаа употреба на дигитални наставни помагала, како што се лаптопи или апликации, и да не се користат учебници.

Сепак, се покажа дека ова има свои недостатоци, вели наставничката Жанет Виберг. „Брзината на читање на учениците е намалена, нивниот вокабулар е помал и нивното разбирање со читање е полошо. Веруваме дека тоа е затоа што работевме премногу дигитално.

Шведскиот училишен систем е либерализиран. Покрај државните училишта има и бројни приватни, а основното училиште трае девет години. Образовната политика не се спроведува централно; училиштата и наставниците пристапуваат кон дигиталната настава на различни начини. Конзервативната влада на Шведска сака да го промени тоа и наскоро да им даде на наставниците нови насоки.

Шведската влада стави на располагање 60 милиони евра за враќање на книгите во училиштата само оваа година. Министерката за образование Лота Едхолм особено бара основците повторно да читаат повеќе.

„Проблемот со дигитализацијата е што таа најмногу се наметнува одозгора. Против тоа беа воспитувачите, но сметаа дека никој не ги слуша. Дигиталните наставни помагала се за постарите деца. Знаеме дека малите деца, според истражувањата на мозокот, треба да воопшто да не доаѓа во контакт со екраните“.

„Многу родители исто така сакаат да ги вратиме книгите бидејќи со книгата можат полесно да разберат што треба детето да научи за следниот тест“, вели Едхолм.

Дел од шведските наставници сметаа дека лаптопите не треба да бидат комплетно исклучени, туку наставата да биде комбинирата со оглед на времето на дигитализација во кое живееме.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност