Швајцарскиот Парламент одобри купување на шведски ловци „Грипен“

Од:

Долниот дом на швајцарскиот Парламент, Националниот совет, денеска со 119 гласа „за“ и 70 „против“ ги одобри плановите за купување на 22 шведски воени авиони „ЈАС 39 Грипен“.

Националниот совет исто така даде зелено светло и за финансирање на зделката вредна 3,1 милијарди швајцарски франци (околу 23 милијарди шведски круни), јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Купувањето на шведските ловци „Грипен“  пред извесно време беше одобрено и во Горниот дом на швајраскиот Парламент, но тој не даде поддршка на финансисирањето и се очекува да повтроно да расправа за ова прашање идната недела.

Исходот на денешното гласање не значи дека зделката сега е сигурна, бидејќи најверојатно може да се очекува распишување на референдум.

Неколку испитувања на јавното мислење покажаа дека повеќе од две третини од швајцарските избирачи се против оваа зделка, јави Шведската телевизија СВТ.

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски