Швајцарија: Забранет влез од ризични земји во ЕУ

Од:

Швајцарската Влада воведе забрана за влез од најризичните држави на Европската унија, а забраната се однесува на граѓани и на држави што не се во Шенген зоната.

Забранет е влез во Швајцарија од Шпанија, Италија, Франција, Германија и Австрија.

Најмалку наредните три месеци, швајцарската Влада нема да издава визи за граѓаните на не-шенген земјите, освен во исклучителни случаи.

Швајцарскиот здравствен систем би можел да доживее колапс до крајот на месецот ако  новиот коронавирус  продолжи да се шири со сегашна брзина, изјави портпаролот на швајцарската Влада Даниел Кох.

-Луѓето кои се заразија денеска ќе контактираат само со нас за 10 дена. Мора да се осигураме дека растот на вирусот забавува од денеска, бидејќи во спротивно, за 10 дена (швајцарските болници) нема да можат да се справат, рече Кох.

Според најновите бројки на швајцарските власти, досега во земјата се заразени 2.650 лица, од кои 19 лица починале од Ковид-19 и бројот веројатно ќе се зголеми во текот на следните недели.

Кох, кој ја предводи Федералната канцеларија за борба со заразни болести, рече дека забрзаното зголемување на бројот на пациенти ги спречило властите да добијат точни податоци за бројот на нови случаи.

Тој додаде дека со оглед на сегашната стапка на ширење на вирусот, „невозможно е да се тестира секој кој може да биде заразен“.

Швајцарија мобилизира околу 8.000 припадници на војската за да им помогне на јавните служби и медицинскиот персонал.

Швајцарија има меѓу 1.000 и 1.200 легла во болниците во одделите за интензивна нега.

Сепак, Кох вели дека проблемот е и со ограничениот број здравствени работници кои се обучени да користат опрема како што се респираторите.

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него