Швајцарија имала „таен договор“ со ПЛО за заштита од тероризмот

Од:

Пред безмалку половина век, Швајцарија направила „таен договор“ со Палестинската ослободителна организација (ПЛО), за да ја заштити земјата од терористичките напади на разните палестински, милитантни групи и движења од крајот на шеесетите и почетокот на седумдесетите години на 20 век, открива швајцарскиот новинар Марсел Жир.

Во својата книга, што ја промовира како „една од мерките“ кои би помогнале да се спречи тероризмот на швајцарската територија, Жир вели дека со договорот, Швајцарија се обврзала, во замена за престанување со нападите, да и пружа на ПЛО тајна дипломатска подршка.

„Тајниот договор„ бил направен по неколкуте напади на припадници на ПЛО, кои ја исплашиле швајцарската јавност, но и тогашната влада во Берн.

Во февруари 1969 година, беше отворен оган врз авион на израелската компанија „Ел Ал“, при што беше убиен пилотот. Швајцарските власти ги открија напаѓачите и ги уапсија.

Во 1970 година, бомба поставена во авион на швајцарската компанија „Свис Ер“ предизвика уривање на леталото, во близината на Цирих, веднаш по неговото полетување за Тел Авив. Во овој терористички напад беа убиени 47 патници и членови на екипажот.

Во септември истата година, беше киднапиран авионот на „Свис Ер“ на летот за Њујорк. Во исто време, беа киднапирани и по еден британски и американски авион, па трите авиони беа принудени да слетаат на аеродромот во една воена база во Јордан. Сите 300 патници беа претворени во заложници.

Според новинарот Жар, по овие терористички напади, тогашниот швајцарски министер за надворешни работи Пјер Грабер тајно ги контактирал луѓето од водството на ПЛО, без притоа да ги извести другите министри во владиниот кабинет.

Направен бил договор, Швајцарија да ги пушти од затвор напаѓачите на израелскиот авион во Цирих, дискретно да се запре истрагата за убиениот пилот, а во замена за тоа – да се ослободат сите заложници и да престанат нападите врз швајцарска територија.

По 1970 година, Европа продолжи да се соочува со терористичките напади на палестинските милитанти, но повеќе не се случи ниту еден напад изведен во Швајцарија, вели новнарот Марсел Жир.

Актуелниот шеф на швајцарската дипломатија Дидије Буркхалтер изјави дека досега ништо не знаел за тајниот договор со ПЛО од пред безмалку 50 години, а швајцарските политички партии побараа парламентарна истрага за откритијата на новинарот.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски