Швајцарците в недела бираат нов федерален Парламент

Од:

Државјаните на Швајцарија со право на глас в недела ќе излезат на гласање за избор на нов состав на федералниот Парламент, на кои се очекува голем подем на десничарските партии, благодарејќи на се поголемото антиимигранско расположение на Швајцарците.

За места во 200-члениот Долен дом на швајцарскиот Парламент, Националниот совет се борат кандидатите од седум партии. Досега во Парламентот мало мнозинство имаа партиите на десниот центар, но сега се очекува десницата да обезбедат поубедливо мнозинство.

Според анкетите на јавното мислење, се очекува најмногу гласови на изборите да освои десната популистичка Швајцарска народна партија (СВП), која може да се надева на околу 28 проценти од гласовите.

На второто место се очекува да се пласира Социјалдемократската партија (СП) со околу 19 отсто од гласовите, а трета да биде десноцентристичката Слободна демократска партија – Либерали (ФДП-ДЛ) со околу 17 проценти.

Според професорот на Женевскиот Унивиерзитет Паскал Сијарини ваквите продвидување не претствауваат изненадување, инајќи предвиде дека главна тема во предизборната кампања беше проблемот со имиграцијата.

– Во Швајцарија вообичаено се води дебата за добри и лоши бегалци, но актуелната бегалска криза во Европа предизвика шок кај Швајцарците, нагласува Сијарини.

Повеќето политички аналитичари во Швајцарија сметаат дека ставовите на СВП се блиски до оние на францускиот екстремно десничарски Национален фронт, поради нејзината ксенофобична реторика и ширењето на страв од имигрантите.

Во февруари 2014 година СВП успеа да протурка одржувањето на референдум за воведување на ограничени квоти за прием на имигранти во земјата, кои се однесуваат дури и на граѓаните на ЕУ кои бараат работа во Швајцарија, што доведе до влошување на односите меѓу Берн и Брисел.

По ова ЕУ, кој е доминантен трговски партнер на Швајцарија, се закани со поништување на сите билатерални договори во случај на спроведување на оваа мерка и за државјаните на земјите-членки на Унијата, па швајцарските власти донесоа одлука за проширување на квотите за вработување на државјани од Унијата за уште 80 илјади лица.

Аналитичарите проценуваат дека најголем удар од ваквото скршнување в десно на гласачите ќе претрпат помалите партии на центарот и екологистите, кој е можно дури и да не успеат да влезат во Парламентот.

Познавачите на состојбите во Швајцарија проценуваат дека ваквото расположение на гласачите и не треба претерано да зачудува, бидејќи конзервативизмот е длабоко вкоренет во свеста на швајцарските граѓани.

Иако гласањето ќе се оддржи в ндела изборите во Швајцарија веќе започнаа со гласањето по пошта.

Аналитичарите предвидуваат дека и на овие избори ќе има слаба излезност, имајќи го предвид расположението на Швајцарците кој многу повеќе се одѕиваат на редовните референдуми, имајќи го предвид моделот на директна демократија што владее во Швајцарија.

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски