Швајцарците ја убија својата единствена мечка

Од:

Швајцарците вчера ја убија својата единствена мечка. Швајцарски официјални лица изјавија дека мажјакот кафеава мечка, наречен “M13” беше убиен затоа што претставувал закана за населението.

“Мечката ја застрелале ренџери во согласност со постоечкиот план за справување со мечки во Швајцарија”, изјави за АФП претставник на Федералната агенција за животна средина.

Мечката M13 живееше во планините во источна Швајцарија, на границата со Италија.
Двегодишното животно, редовно влегувало во селата и населбите во потрага по храна, па дури и стекнала навика да следи луѓе.

Мечката веќе од ноември минатата година се сметала запроблематична. За да не мора да ја убијат, ренџерите се обиделе да го зголемат нејзиниот страв од луѓе фрлајќи петарди, но очигледно тоа не помогнало.

M13 беше една од мечките од програмата која беше покрената во италијанската покраина Трентино-Јужен Тирол, за овие животни, кои беа истребени од страна на ловците, повторно да се вратат во овој регион.

Популацијата на мечки на италијанската страна денеска брои околу 30 единки.
Активисти од организацијата за заштита на дивите животни (WWF) остро ја осудија акцијата на швајцарските ренџери.
Тие истакнуваат дека е нормално за мечката да се разбуди од зимски сон и да слезе во долината во потрага по храна и наведуваат дека со доаѓањето на потоплото време, M13 сам би се вратил во планините.

Покрај тоа, со оглед на тоа дека наскоро достигнува зрелост, M13 веројатно би се вратил во Италија за да побара таму женка, додаваат претставници на WWF.

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски