Швајцарците гласаат на интернет за нова национални химна

Од:

Швајцарците гласаат по електронски пат за нова национална химна. Од денеска тие ќе може да изберат меѓу шест изведби, достапни на страницата www.chymne.ch.

Гласовите од интернет ќе сочинуваат 50 проценти од изборот. Останатите 50 проценти ќе се утврдат од гласовите на жири од околу 30 лица, музички експерти, новинари и членови на спортски друштва.

Конечниот избор на јавноста ќе биде познат на 12 септември, откако политичките институции ќе одлучат дали да го прифатат или не.

Властите објавија национален конкурс, на кој учествуваа 208 предлози, од кои специјално жири одбра шест. Тие се претставени на четири национални јазици германски, француски, италијански и реторомански.

Првиот круг на гласањето ќе трае до 15 мај, кога ќе бидат одредени тројца финалисти. Вториот круг од гласањето на интернет ќе се одржи од 8 јуни до крајот на август, а финалето ќе биде на 12 септември. Авторите на делата ќе бидат познати откако ќе биде прогласен победникот. Националната химна на Швајцарија датира од 1841 година. 

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски