Шулц отстапи, Питела в.д. претседател на Европскиот парламент

Од:

Џани Питела денеска е именуван за вршител на должноста претседател на Европскиот парламент, јави дописникот на МИА од Брисел.

Со оглед на тоа што досегашниот челник на Европарламентот, Мартин Шулц, е избран за нов лидер на групата на Социјалистите и демократите во ЕП, тој се повлече од претседателската функција, па Питела ќе го заменува до конститутивната седница на новиот состав на Европарламентот закажана за 1 јули во Стразбур.

Според Деловникот за работа на Европскиот парламент, Правило 18, Питела, кој е прв заменик-претседател на ЕП, го презема како вршител на должноста местото претседател на Европарламентот до изборот на нов претседател.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски