Шулц: ЕУ треба да му помогне на Балканот по поплавите

Од:

Европската Унија треба да му помогне на Балканот во справување со последиците од полавите, изјави претседателот на Европскиот парламент на почетокот на јулската сесија во Стразбур, на која главната точка е изборот на претседател на Европската комисија.

Поплавите поради кои беа евакуирани стотици илјади лица и кои ги однесоа животите на повеќе десетици луѓе, доведоа до бран на колективна солидарност и трансгранични напори за помош, оцени Шулц, притоа потенцирајќи дека операциите за спасување и санирање на штетите се сложени поради заостанатите мини од воените конфликти.

Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, Ѓулц нагласи дека финасиската помош од ЕУ е дотолку попотребна, бидејќи на аграрниот сектор во регионот ќе му бидат потребни повеќе години за да ги санира штетите од поплавите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он