Штрајкот на шведските пилоти дневно чини 1,2 милиони евра

Од:

Скандинавската авиокомпанија (САС) откажа денеска повеќето од своите летови на линиите во Шведска и во Европа, откако синдикатот на пилотите го одби понуденото зголемување на платите, со што тие влегоа во четвртиот ден од штрајкот. 

Скандинавската авиокомпанија, која 50 отсто е во сопственост на Шведска, Данска и Норвешка, објави дека нема прецизни податоци за финансиските загуби поради штрајкот, но аналитичарите проценуваат дека штрајкот нанесува штета од 1,2 милиони евра дневно.

САС објави дека откажува околу 230 летови, со што за менуваат плановите за 27 илјади патници. На оваа бројка треба да се додадат уште 50 илјади патници, чии летови се откажани од петокот. 

Штрајкот е организиран во екот на сезоната и остава големи последици на работата на авиокомпанијата. Денеска се откажани летовите на линиите од Стокхолм до Атина, Брисел, Даблин, Франкфурт, Женева, Лондон и Париз.

Авиокомпанијата тврди дека исполнувањето на сите барања на синдикатот на пилотите би довело до вкупно зголемување на трошоците на компанијата за десет отсто.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност