Што знаеме за втората руска вакцина против коронавирус

Од:

На 11 декември, рускиот премиер Михаил Мишустин објави почеток на нови пост-клинички испитувања на втората руска вакцина против коронавирусот ЕпиВакКорона (Епивакорона).

„ЕпиВакКорона“ (епитопска вакцина против коронавирус) се базира на пептидни антигени за превенција на болести кај возрасни од 18 до 60 години и е изработена од Државниот истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“.

За разлика од Московскиот центар за истражување „Гамалеја“, „ЕпиВакКорона“ е создаден во Новосибирск. Содржи пептид кој не носи биолошки агенс и се состои од вештачки синтетизирани кратки фрагменти од вирусни протеини (пептиди) преку кои имунолошкиот систем учи и последователно го препознава и неутрализира вирусот.

На 24 јули, „Вектор“ доби дозвола од руското Министерство за здравство да спроведе клинички испитувања на вакцината врз волонтери.

Според шефот на руската Служба за фитосанитарен надзор „Роспотребнадзор“, Ана Попова, првото лице било вакцинирано на 27 јули. Последната група од 20 волонтери кои учествуваа во клиничките испитувања беше ослободена од болницата на 8 септември. Испитувањата завршија на 30 септември, а учествуваа вкупно 100 лица.

Исто како и „Спутник V“, „ЕпиВакКорона“ се дава интрамускулно во две дози, меѓу кои интервалот мора да биде од 14 до 21 ден. Ако е невозможно да се стави во рака, може да се инјектира и во бутот.

На денот на вакцинацијата, пациентот мора да помине преглед со задолжително мерење на телесната температура. Секој што има над 37 степени Целзиусови нема да може да се вакцинира.

Врз основа на прелиминарните податоци, ревакцинацијата ќе треба да се прави на секои три години.

На 14 октомври 2020 година, рускиот претседател Владимир Путин објави дека вакцината на центарот „Вектор“ има потврда за регистрација.

Ден претходно, „Епивакорона“ беше заведена во Државниот регистар на лекови под бројот ЛП-006504 и со тоа официјално стана втора регистрирана руска вакцина против ковид.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски