Со годините, диктаторите стануваат се пооптеретени со „чистотата“ на храната која ја конзумираат, па така севернокорејскиот лидер Ким ил Сунг барал секое зрно ориз поединечно да му се избира и создал институт чија мисија била што подолго да го одржува во живот.
Ти си она што го јадеш-но и со кого и како јадеш. Храната може да влијае на расположението но и на начинот на гледање на светот, наведуваат Викторија Кларк и Мелиса Скот, авторки на книгата за прехранбените навики на диктаторите, “Dictator”s Dinners: A Bad Taste Guide to Entertaining Tyrants”.
Книгата како што пишува BBC, ги подвргнува некои од најсуровите тирани на 20. век на „кулинарска критика“ и иако не може да тврдат дека не постои поврзаност помеѓу правењето зло и навиката во исхраната, авторките сепак пронајдоа шаблон кој може да се примени на повеќето диктатори.
На пример, со години диктаторите се се поопсесивни по прашањето за „чистота“ на тоа го внесуваат со храната.
Романскиот диктатор Чаушеску ги иритирал странските лидери со тоа што со себе носел храна.
Тито, пишува BBC, бил шокиран од неговото инсистирање да пие сок од зеленчук со цевка и што избегнувал да јаде тврда храна. Со оглед дека повеќето диктатори потекнуваат од селска средина, тоа се одразувало и на нивното мени. И покрај тоа што сакал да се дружи со аристократијата и филмските ѕвезди, Тито најмногу сакал да јаде сланина.
Чаушеску најмногу сакал чорба направена од цело пиле.
Побожниот католик, португалецот Антонио Салазар сакал сардина која го потсетувала на сиромашното детство кога една сардина ја делел со братот и сестрата.
Некои од најозлогласените диктатори-Адолф Хитлер, Мао Цетунг или Бенито Мусолини поради големиот стрес имале проблеми со дигестивниот систем. Можно е дека поради константаната надуеност Хитлер станал вегетаријанец и дневно земал по 28 лекови, дополнително и препарат направен од фекалии од бугарските селани. Мао Цетунг премногу сакал месо, цел живот пател од „мрзливи црева“.
Сталин, пишуваат авторките на книгата, имал челична конституција со оглед дека неговите ручеци траеле по пет шест часови, исполнети со грузиски специјалитети, преполни со игри, пиење аккохол, пеење и играње. Вечерата со претерано опивање која траела од 23 часот до 5 изутрина Тито ја преживеал така што повраќал во ракавот од сакото.
Фердинанд и Имелда Маркос не биле до толку „мачители“. Имел да во една прилика побарала воениот трубачки оркестар да се облече во женска облека и да свират на роденденската забава на нејзиниот сопруг. Вегетаријанецот Хитлер уживал да ги малтретира тие што јаделе со него со приказни за украинските кланици, по што ретко кој можел да заврши со јадењето.
Единствени кои можеле мирно да завршат со своето јадење биле Жан Бедел Бокаса од Централната Африканска Република, Иди Амин од Уганда или Франсиско Нгуема од Екваторијална Гвинеја за кои авторките тврдат дека биле човекојадци. Логично е дека на сите овие им требале луѓе кои ќе ја пробуваат храната.
Хитлер имал тим од 15 жени кои пред да јаде, пробувале од храната, која на неговата маса стигнувала после 45 минути, доколку на ниедна од жените не се забележеле никакви последици.
Синот на Садам Хусеин, Удај, бил претепан и однесен во затвор затоа што убил еден од соработниците на неговиот татко задолжени да ја пробува храната.
Чаушеску никогаш не патувал без високиот функционер на тајната служба кој истовремено бил и хемичар и со себе носел подвижна лабараторија за тестирање на храната. И покрај внимателно составување и проверка на менито, сите тие заминаа и тоа по насилен пат, заклучува BBC.