Што е познато за комбинацијата на коронавирус и грип, што е флурона

Од:

Израелските медиуми јавија дека трудница се разболела од флурона – има корона и грип во исто време. Флурона и е дијагностицирана додека била во болница и има поблаги симптоми.

Министерството за здравство на оваа земја ја истражува оваа болест, која дотогаш не е регистрирана во ниту една земја, со претпоставка дека комбинацијата на двата вируса не предизвикува потешки симптоми кај повеќето од нив.

-По пристигнувањето во болница, на бремената жена и е дијагностициран грип и коронавирус. По повторното испитување, ја утврдивме дијагнозата, изјави Арнон Визнистер, директор на Одделот за гинекологија во болницата Бејлинсон во Петах Тиква.

Тој истакна дека оваа болест може да предизвика и отежнато дишење, бидејќи го напаѓа респираторниот систем.

Наставниот институт за јавно здравје „Д-р Андрија Штампар“ денеска за Јутарњи лист потврди дека една жена во Хрватска има флурона. Таа е заразена со коронавирус и свински грип.

Што е моментално познато за флурона

Според Еуроњуз, досега многу малку се знае за флурона. Истражувањата се во тек во Израел, а Министерството за здравство на оваа земја сега е загрижено поради зголемувањето на бројот на заболени од грип.

Минатата недела 31-годишна трудница почина поради компликации кои и се случиле додека имала грип. Нејзиниот син се родил со царски рез и преживеал.

Директорот на споменатата израелска болница истакна дека минатата година не сведочеле дека некоја од трудниците има грип, а дека сега се случува да имаат и грип и корона.

Во текот на минатата година речиси и да немало луѓе заболени од грип. Ова е последица на рестриктивните епидемиолошки мерки, а пред се на локдаунот.

Јутарњи лист пишува дека годинава може да има поголем број заболени од грип, особено оние кои не се вакцинирани против грип. Експертите очекуваат дека оние кои биле вакцинирани против грип најверојатно нема да добијат флурона.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски