Штабот на Трамп ја повлече тужбата во Аризона

Од:

Тужбата поднесена од штабот на претседателот Доналд Трамп поднесена во Марикопа, најголемиот округ во Аризона, во обид да се оспори гласањето од претседателските избори, е повлечена, соопшти денеска Волстрит журнал.

Од изјавите на адвокатот на предизборниот штаб, се дознава дека се работи за околу 200 спорни гласачки ливчиња. Но, во Аризона, со 99 отсто од гласачките ливчиња пребројани, демократскиот кандидат Џо Бајден е пред Трамп за повеќе од 11.000 гласа.

Претседателот Трамп се обидува да ги оспори резултатите од минатонеделните избори во некои сојузни држави како Висконсин и Пенсилванија.

Сепак, како што покажува случајот во Аризона, тешко дека ваквите методи би вродиле со плод, бидејќи разликата во гласови за Бајден во тие држави каде се оспорува резултатот е голема, а бројот на спорните ливчиња е многу мал.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ники Хејли би можела да биде во мојот тим

Трамп најави дека ќе ги олесни прописите на Бајден за поседување оружје

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

Поранешниот адвокат на Трамп сведочеше дека и платил на Сторми Даниелс 130.000 долари за да молчи

Трамп не ја сака Хејли за потпретседател, ѝ посакува се најдобро