Шпанските власти одлучија: Да, за склучување бракови помеѓу лица од ист пол

Од:

Шпанските власти одлучија „Да, за склучување бракови помеѓу лица од ист пол“. Уставниот суд, после седум години, го одби барањето на Народната партија за проверка на сутавноста на Законот за истополни бракови.

Во периодот на владеењето на Социјалистичката работничка партија на чело со Луис Родригес Запатеро, во 2004 година, усвоен е Закон за легализација на истополни бракови.

Народната партија, која во тоа време била во опозиција, поднела жалба на постоечкиот Закон до Уставниот суд, наведувајќи дека тој не е во согласност со Уставот и оти ги крши темелните норми на брачната заедница.

Уставниот суд на Шпанија ја отфрлил жалбата, по што е потврдена можноста за склучување на хомосексуални бракови.

Според податоците на Државниот инситут за статисктика, во Шпанија досега се склучени повеќе од 20.000 хомосексуални бракови, што е 1,8 отсто од браковите во земјата.

До сега единаесет држави во светот одобриле склучување на бракови помеѓу луѓе од ист пол.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски