Шпанската полиција уапси двајца осомничени приврзаници на ИД

Од:

Шпанската полиција соопшти дека во северноафриканската енклава Сеута уапсила две лица осомничени за врски со џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Во денешното соопштение на шпанското Министерство за внатрешни работи се посочува дека уапсените лица минале низ „долг процес на радикализација“ и дека биле дел од група за која постои сомнеж оти е „во напредна фаза на подготовка на терористички напади“.

Во рамки на акцијата во која се приведени двајцата осомничени џихадисти, полицијата извршила претрес на шест локации.

Од 2015 година, па досега, шпанската полиција уапси 180 лица по обвинени за поврзаност со исламски милитанти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски