Шпанија: Со реформи до подобар успех во образованието

Од:

Владата на Шпанија вчера одобри реформи во образовниот процес, со цел да се поправат слабите резултатите во училиштата.

Министерот за образование Хозе Игнацио Вертон го поднесе предлогот за реформа на законот за образование, а парламентот треба да ја усвои.

Заменикот на премиерот Сораја Саенс де Сантамарија оцени дека се работи за најважен закон на ова законодавство.

Според нејзини зборови, законот има двојна задача, да го поправи квалитетот во образованието и да доведе до вработуваање на младите.

Сантамарија изјави дека голем број ученици ги напуштиле училиштата без да добијат дипломи и дека бројот на повторувачите е поголем отколку во другите држави на Европската унија .

Шпанија меѓу државите членки на ЕУ го зазема првото место по стапката на невработеност со 27,2 проценти.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Шпански министер: Мојот израелски колега објави скандалозно и страшно видео

Најмалку четири лица загинаа, а 16 се повредени во уривањето на зграда на Мајорка

ВИДЕО: И Шпанија и Ирска објавија признавање на независна палестинска држава

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија