Шпанија: Евакуирани 600 лица поради опасност од поплави

Од:

Околу 600 жители се евакуирани од градот Барбан, во југозападниот дел на Шпанија, поради опасност од поплави, додека поројните врнежи продолжуваат во поголемиот дел од земјата.

Шпанската национална телевизија објави дека жителите на градот Барбан на околу 350 километри југозападно од Мадрид, изутринава со автобуси се пренесни во околните градови бидејќи насипот на реката Гвадијана се урнал и водостојот е зголемен.

Долготрајните поројни врнежи предизвикаа поплави на локалните земјоделски насади и патишта во голем број области во јужниот и западниот дел на Шпанија, каде течат реките Гвадалкибир и Дуро.

Шпанските спасувачки служби вчера имале повеќе итни интервенции и спасиле најмалку 12 лица.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина