Шпанците гневни откако се дозна дека принцезите Елена и Кристина се вакцинирале во Абу Даби

Од:

Медиумските информации дека сестрите на кралот Фелипе Шести биле вакцинирани против коронавирус во Обединетите Арапски Емир, денеска предизвикаа бурни реакции во Шпанија, каде крајно левичарската партија Подемос, која е дел од владеачката коалиција во земјата, соопшти дека ваквите „привилегии само служат за дискредитација на монархијата“.

Според весниците „Ел Мундо“ и „Ел доверливо“, принцезата Елена (57) и принцезата Кристина (55) биле вакцинирани минатиот месец во Абу Даби, додека биле во посета на нивниот татко, поранешниот крал Хуан Карлос. Двете принцези се уште немале право да се вакцинираат според шпанската програма за имунизација против Ковид-19, која им дава приоритет на постарите лица и на најранливите категории граѓани.

Хуан Карлос, кој абдицираше во 2014 година, лани во август пребега во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) поради истрага во врска со неговите финансиски договори.

Портпарол на кралската палата не даде коментар за скандалот, наведувајќи само дека принцезите формално не се дел од институцијата, а палатата ја нема нивната агенда на активности.

Подемос, помладиот партнер во коалициската влада на социјалистичкиот премиер Педро Санчез, и кој е силно антимонархистички настроен, жестоко го критикуваше кралското семејство.

-Вакцинацијата на принцезите е повеќе вест што придонесува за дискредитација на монархијата. За јавноста, ова е повластен третман и привилегија, изјави за јавната телевизија ТВЕ министерката за еднаквост Ирене Монтеро, членка на Подемос.

Монархијата е едно од неколкуте прашања што ги разделуваат Подемос и владејачките социјалисти од јануари 2020 година. Ова е првпат една антимонархистичка партија да е на власт откако Шпанија се врати кон демократијата во 1970-тите.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски