Шолц: Нарушувањето на територијалниот интегритет на Украина ќе има висока цена

Од:

Поради зголемените безбедносни тензии на руско-украинската граница, германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека „нарушувањето на територијалниот интегритет ќе има висока цена“.

-Деновиве со голема загриженост ја следиме безбедносната ситуација на руско-украинската граница, рече новиот германски канцелар во обраќањето пред Бундестагот.

Тој додаде дека за оваа тема денеска попладне ќе се разговара на Европскиот совет и на самитот на Источното партнерство на Европската унија.

-Доколку сите сè уште не разбрале, дозволете ми сега да го повторам тоа што го кажа и мојата претходничка на функцијата. Секое нарушување на територијалниот интегритет ќе има цена, и тоа висока цена, рече Шолц.

Западот се сомнева дека Русија подготвува нова инвазија на Украина и распоредува сили на заедничката граница.

Кремљ ги отфрла овие обвинувања и тврди дека на Русија и се заканува НАТО, кој го вооружува Киев.

Би можело да ве интересира

Шолц воздржано зборуваше за можните трговски санкции против Кина

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште