Шојгу: Русија нема да преговара со Киев додека не ги протера терористите од областа Курск

Од:

Секретарот на рускиот Совет за безбедност Сергеј Шојгу денеска изјави дека Русија нема да води никакви преговори со Киев додека „не ги протера украинските терористи од Курската област“.

„Не сме воделе никакви преговори со терористите, не водиме и нема да водиме додека не ги протераме од нашата територија. Желбата да се изврши нуклеарен терор против нуклеарната централа Курск не е ништо друго туку највисоко ниво на тероризам“, рече Шојгу во интервју за ТВ каналот „Русија 24“.

Според него, „украинските терористи“ сакале да ја заземат нуклеарната централа Курск.

„За среќа, не успеаја“, забележа Шојгу.

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

Зеленски: Украина е силна земја која навистина сака мир

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот во Црното Море се нереални