Шојгу: Израел е виновен за уривањето на Иљушинот

Од:

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го предупредил израелскиот колега Авигдор Либерман дека Русија нема да дозволи денешното уривање на авион Иљушин Ил-20 да помине неодговорено.

Шојгу и Либерман разговарале телефонски по уривањето на авионот, кој беше соборен од страна на сириската противвоздушна одбрана, која мислела дека се работи за израелски авион кој кусо време пред инцидентот ракетирал позиција на проиранската група Хезболах.

Шојгу во разговорот рекол дека вината за инцидентот во кој загинаа 15 руски војници е во целост на Израел, чија армија извршила напад во време кога рускиот авион летал на разузнавачка мисија над Сирија, и не ја информирала руската армија на време.

– Руската армија го задржува правото да преземе мерки како одговор во иднина, изјавил Шојгу.

Претходно рускиот претседател Владимир Путин, кој телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, изјави дека се работело за низа на несреќни случаи.

Би можело да ве интересира

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави