Шојгу: Следната година се фокусираме на инвестиции околу нуклеарното оружје

Од:

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека фокусот на инвестициите во 2023 година ќе биде ставен на инфраструктурата за нуклеарно оружје, која вклучува изградба на силоси за сместување на нови ракети.

„При подготвувањето на списокот на големи градежни проекти, ќе посветиме посебно внимание на градбите во интерес на нашите стратешки нуклеарни сили“, рече Шојгу, а пренесе руската агенција РИА.

Во понеделник, Русија без објаснување одговори на преговорите со САД за нуклеарно разоружување, само рече дека преговорите ќе се одвиваат во иднина. Сегашниот договор за нуклеарно оружје, наречен СТАРТ, истекува во 2026 година.

Шојгу, пренесува РИА, ја коментирал и ситуацијата со Русите мобилизирани за војната во Украина. Тој рече дека 300.000 резервисти, вклучително и доброволци, биле обучени во два месеци откако рускиот претседател Путин наредил „делумна мобилизација“. Министерот тврди дека обуката била спроведена во повеќе од 100 кампови за обука во Русија и Белорусија.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород