Шојбле: Без Британија ЕУ ќе биде помалку стабилна

Од:

Европа може да стане помалку стабилна и помалку конкурентна доколку Велика Британија ја напушти унијата, предупредува германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, јави дописникот на МИА од Берлин.

„Доколку Велика Британија не е дел од ЕУ како полонправен член, мислам дека постои ризик континентална Европа да биде понестабилна, поподоложна на потреси што не е во интерес на Британија“, изјавил германскиот министер на конференција во Лондон.

Според Шојбле, Британија дава голем придонес за со својата експертиза по прашањата за безбедноста и надворешната политика.

Запрашан што би направила ЕУ во случај Британците да изгласаат излез од ЕУ, германскиот министер на шега изјавил: „Ќе плачеме“.

Според истражувањата на јавното мислење постои реална можност на реферндумот закажан за 23 јуни Британија да одлучи да ја напушти ЕУ.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија