Шмихал: Украина има доволно енергетски залихи за оваа зима

Од:

Украина има доволно резерви на јаглен и гас за оваа зима, независно руските напади врз нејзиниот енергетски систем, изјави денеска премиерот Денис Шмихал.

Тој посочи дека ситуацијата во енергетскиот сектор е тешка, но под контрола, по неколкумесечните напади со руски беспилотни летала и ракети врз критичната инфраструктура, при што беа уништени околу 40 отсто од енергетскиот систем.

„Засега сите обиди на Русија да ја фрли Украина во мрак се неуспешни“, рече Шмихал на владината седница.

“Имаме доволно резерви за да продолжиме и да ја завршиме грејната сезона во нормален режим. Околу 11 милијарди кубни метри гас се складирани во магацини за гас, а речиси 1,2 милиони тони јаглен се во складишта“, додаде тој.

И покрај невообичаено топлото време за декември и јануари, сите украински региони се соочуваат со прекин во испораките на електрична енергија. Но, операторот „Укренерго“ соопшти за зголемено производство на електрична енергија оваа недела.

Шмихал рече дека Владата ја одобрила одлуката според која на државниот нафтен и гасен монопол „Нафтогас“ за дополнителни набавки на гас му се доделуваат грантови од 189 милиони евра од Европската банка за обнова и развој.

Украинскиот премиер додаде дека Украина продолжува да работи со партнерите за да се забрзаат поправките за обновување на производните и дистрибутивните капацитети, да се направи енергетскиот систем помалку централизиран и да се имплементираат нови програми за енергетска ефикасност.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ