Шин Феин бара дополнителни 1,5 милијарди фунти за Северна Ирска

Од:

Партијата на северноирските католици-републиканци Шин Феин бара од идната британска Влада, дополнителни 1,5 милијарди фунти за побрз развој на Северна Ирска.

Во предизборниот Манифест на оваа сеирска партија за претстојните парламентарни избори во Велика Британија, се вели дека средствата се наопходни за натамошно унапредување на покраината со интензивирање на нејзината економска сила и за изградбата на едно фер и праведно општество.

Заменик првиот министер на северноирската Влада и еден од лидерите на Шин Феин, Мартин Мекгинис изјави во Белфаст дека не верува оти која било од тамошните политички партии ќе може да имаат некаква улога при создавањето на идната влада во Лондон. Но, Мекгинис објасни дека неговата партија во секој случај, ќе се спротивставува на мерките за натамошно кратење на јавните трошоци и на средствата и фондовите за социјалните бенифиции.

Во декември минатата година, петте главни партии во Северна Ирска, направија договор со британскиот премиер Дејвид Камерон со кој сите страни се согласија за пренесување на администрацијата од Лондон врз Белфаст.

Клучно за тој проект е спроведување на социјални реформи во покраината, но Шин Феин сега бара дополнителни средства затоа што тврди дека оние кои се располагање се недоволни за заштита на беспомошните лица и на сите другите на кои им се неопходни социјалните бенефиции.

Би можело да ве интересира

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он