Шидло: Нема да ја прифатиме идејата за ЕУ „со неколку брзини“

Од:

Нашата земја не се согласува со идејата за Европа „со повеќе брзини“, изјави денеска полската премиерка Беата Шидло.

Таа вака го коментираше едното од сценаријата, предложени за дискусија на 27-те земји членки на Европската унија, односно начинот на разгледување откако Велика Британија ќе ја напушти Унијата, што се подготвува за средбата на врвот во Рим, посветена на годишнината од ЕУ.

– Ние никогаш нема да прифатиме да се зборува за Европа „со повеќе брзини“, нагласи таа во Брисел по средбата на лидерите на ЕУ.

Според неа, таа средба го „става под прашање единството на Унијата“.

Вчера Полска се обиде да го осуети реизбирањето на Полјакот Доналд Туск за втор мандат како претседател на Европскиот совет, но не успеа и остана во целосна изолација.

Таа беше единствена што гласаше „против“ нов мандат за нејзиниот сограѓанин, а потоа одби да ја потпише завршната декларација од средбата, изразувајќи го на тој начин незадоволството од неговиот реизбор.

Шидло истакна дека воопшто не смета дека самитот бил одржан бидејќи декларацијата не е прифатена, јави ТАСС.

Таа наведе дека имало само размена на мислења, а некои реплики биле изговорени на висок тон, но одби да даде поконкретни детали за преговорите.

– Полска нема да им дозволи на земјите од „стара Европа“ да ја уценуваат со пари и смета дека почитувањето на нормите на ЕУ не е за продажба, изјави Шидло, одговарајќи на прашањето како Варшава ги прифатила зборовите на францускиот претседател Франсоа Оланд, кој ја критикувал Полска дека се придржува на некакви норми и правила со парите на западна Европа.

ТАСС цитира извори, кои навеле дека за време на дебатата за реизборот на Туск, Оланд нагласил: Правилата се ваши, но парите се наши.

Шидло на тоа реагирала саркастично, а денеска изјави дека нема намера „да гледа сериозно на претседател што ужива четири проценти поддршка“.

– Ако лидерите на ЕУ мислат дека можат да не уценуваат со пари, тогаш перспективите за Унијата се тажни. Не може државите од нашиот регион да бидат гледани како земји што треба да бидат благодарни за членството во ЕУ, забележа полската премиерка.

– Ние сме се бореле за тоа, го градиме потенцијалот на заедницата, се развиваме побрзо од сите и ги користиме своите привилегии на заедничка основа. Полска не се плаши од уцени. Не се купува се со пари, потенцираше Шидло.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне